Го
прочитав демантот на Кираца Трајковска
од Добрешане (КТ) во кој го обвинува
неделникот Фокус, (упссс нејзиниот
адвокат) журналистот и уредникот за
изнесување „невистини“ по повод написот
„БАНКАРСКИ
РАБОТНИЦИ И БИЗНИСМЕНИ ИЗМАМНИЦИ СО
КРЕДИТИ“.
Со
тоа што би го тужела Фокус ја применува
истата тактика која ја применуваше од
2006 до денес , дефокусирање од вистинскиот
таргет.
Доколу го тужи Фокус
, КТ, може слободно да го тужи и Rudolf
Erich Raspe за
однесувањето на неговиот главен лик
кој со своите дела влегол во светската
литература и и го превземал приматот.
(името на ликот
е Hieronymus
Carl Friedrich von Münchhausen – познат како Барон
Минхаузен)
Како
основно , адвокатот би требал да знае
правен основ, мислам дека НИКОЈ НЕМОЖЕ
ДА ТУЖИ БИЛО КОГО само затоа што пренел
информација . Генератор на информациите
сум ЈАС (не е правописно), Златко
Тодоров, Ристо Муров, … и уште неколку
на мене познати „адреси„ кои се уште
од страв не се приклучиле на ЗЛАТНАТА
РЕВОЛУЦИЈА која на некој начин започна
паралелно со ШАРЕНАТА .
Започна
благодарејки на Златко и неговата
упорност и истрага (во која, патем речено,
Јас сум соучесник
во операцијата ПЕРЕЊЕ ПЕРЕЊЕ ПЕРЕЊЕ
ПЕРЕЊЕ ПАРИ) , кој ми помогна да го
отфрлам чуството на пониженост,
деградација , недоверба (барем во неколку
луѓе), со кој заедно продолживме да
пловиме по септичките канали кои Системот
и Комерцијална Банда и помогнале да ги
изгради.
Не
, Јас со овој текст не застанувам зад
Фокус , зад журналистот , зад редакцијата,
Јас застанувам ПРЕД нив и ја молам
Јас да бидам првиот што ќе го тужи за
било што.
БАНЗАИ
Војо
Татабитовски-Артник
сите
податоци познати на редакцијата,
а богами
уште повеќе на КТ
(и нека ги врати
парите со камата !)
ПС
Изјавувам
дека немам намера да се самоубијам
ППС
Текстовите ги пишувам сам, не плаќам вечери на новинари

No comments:
Post a Comment